(Видео) Необичен персонал на аеродромот во Сан Франциско: Дали сте виделе свиња пилот?
Свињите можеби не се добри сопатници во авион, но затоа облечени како пилоти може да им помогнат на оние кои се плашат од летање.
Свинчето Лилу, која работи на аеродромот во Сан Франциско, има задача да им помогне на патниците да се ослободат од стресот. Нејзината сопственичка Татјана Данилова учествува во програмата за терапевтско спојување на животните со патниците.
https://www.instagram.com/p/B4u_b-Nh2Rg/?utm_source=ig_embed
Лилу е тука да ги насмее патниците, за миг да заборават на патувањето. Носи пилоткса капа и има црвено лакирани нокти. Протрчува низ детекторот за метал покрај аеродромското обезбедување и доаѓа до делот за заминување на патниците.
https://www.instagram.com/p/BuMma1wh5a_/?utm_source=ig_embed
Лилу секогаш ја дочекуваат со насмевка, позира, се фотографира и ги забавува патниците. Кога не е е на должност, живее со сопственичката во стан има свој кревет и шета во околните паркови.