Нема повредени патници во автобусот што се запали на ГП „Табановце“


Лекарите од Итна Медицинска помош од Куманово пружиле помош на една патничка од приближно седумдесетте од автобусот кој се запали попладне на Граничниот премин Табановце.

– Жената беше видно вознемирена, потресена, доживеала стрес, и пруживме терапија, немаше други патници кои се здобиле со повреди, информираат од кумановската Итна Помош. Патниците во автобусот кој од засега се уште непотврдени причини се запали на излез од државата кон соседна Србија биле евакуирани веднаш. Во територијалната противпожарна единица Куманово, настанот бил пријавен во 15: 45. Кумановските пожарникари со две возила успеале да го изгасат пожарот во автобусот кој бил во пламен. Останатите патници кои во тој период биле на граничниот премин се однесувале совесно и соодветно на ситуацијата. Претходно од ГП Табановце информираа дека сообраќајот се одвива тековно, без застој.

СВР Куманово, претходно информираше дека автобусот со новосадски регистарски ознаки се запали попладнево на излез од државата на Граничниот премин Табановце. Увидот што ќе го извршат ќе ги покаже причините за настанување на пожарот во автобусот.