Нема колективен одмор – еве кога и каде ќе одмораат Мицкоски и министрите
Од владата најавуваат дека ќе нема колективен одмор, како што беше случај минатите години, туку парцијално членовите ќе користат одмор.
Мицкоски ова лето поголемиот дел ќе бил повеќе ангажиран, а само од 8 до 11 август ќе мине во Црна Гора со неговото семејство. Премиерот потоа ќе се врати во Скопје и ќе продолжи со работа.
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе замине исто во Црна Гора. Александар Николоски дел од одморот ќе мине во Охрид, додека Панче Тошковски оди во Турција. Изет Меџити, вицепремиерот веќе го користи одморот во Грција, исто како и министерот за здравство Арбен Таравари.
Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски веќе го искористил својот одмор, додека Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска ова лето одморот ќе го искористи во втората половина од август.
Министрите кои доаѓаа од коалицијата Вреди, според информациите на Вечер, во најголем дел ќе одат на неколкудневен одмор во Албанија или турското крајбрежје.