Нема договор Алијанса за Албанците да биде дел од опозицискиот блок


Има некаква согласност, но засега нема договор со Алијанса за Албанците (АА) да биде дел од опозицискиот блок.Лидерите на трите партии на Албанците обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“. Ова на денешната прес-конференција го изјави Астрид Исени, портпарол на коалицијата на трите опозициски партии на Албанците – „Европскиот сојуз за промени“.

„На средбата изминативе денови со косовскиот премиер Албин Курти, има некаква согласност дека ќе биде дел од опозицијата, но нема некој договор. За тоа ќе бидете информирани во деновите што следат“,изјави на денешната прес-конференција портпаролот на „Европскиот сојуз за промени“, Астрид Исени.

Освен за евентуалната коалиција со партијата на Арбен Таравари, од „Европскиот сојуз за промени“ соопштија дека дополнително ќе информираат кој ќе биде нивниот претседателски кандидат откако ќе разговараат во коалицијата.

Претходно, лидерот на Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами, чија партија е дел од коалицијата на опозициските партии на Албанците, изјави дека се разговарало претседателски кандидат на „Европскиот сојуз за промени“ да биде лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.Таравари потврди дека опозициските партии на Албанците разговарале тој да биде нивен кандидат на претстојните претседателски избори, но рече оти тој не е заинтересиран.