Неколку скопски улици утре без вода


Фото: Б. Грданоски

 Неколку улици во текот на утрешниот ден ќе останат без вода за пиење поради активности на улицата „Жил Верн“ 4 во населба Кисела Вода, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

– Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Жил Верн“, „Тодор Паница“, „Јордан Филиповски“, „Балканска“ и комплексот наречен „Пегла“ на „Борис Трајковски“, се наведува во соопштението.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од осум часот сѐ до завршување со активностите.