Недостатокот на витамин Б12 доведува до депресија


Недостатокот на витамин Б12 директно влијае на проблемите со помнењето, раздразливоста, па често дури и на појавата на депресија, велат група научници од Ирска во нивната студија.

Имено, луѓето со ниско ниво на витамин Б12 имаат 50 отсто поголеми шанси да заболат од депресија, пренесува специјализираниот магазин „Psy blog“.

Студијата спроведена во Ирска покажа дека секој осми испитаник има недостаток на витамин Б12, кој со себе носи група симптоми на тој недостаток.

Додека другите знаци на продолжен недостаток на витамин Б12 вклучуваат проблеми со меморијата, конфузија, раздразливост, депресија, па дури и психоза, што ги става луѓето во состојба каде што нема способност за реално размислување.

Физички симптоми на недостаток на витамин Б12 вклучуваат главоболки, замор, отежнато дишење и бледа кожа.

Научниците препорачуваат земање на витамин Б12 во форма на суплементи, дневна доза од околу 1,5 mcg дневно, како и редовни инјекции на овој витамин во случај на слаба апсорпција.

– Постои растечка потреба за задолжително зајакнување на витамините Б во Европа и ОК, особено затоа што задолжителното збогатување со фолна киселина во САД покажа позитивни резултати, со недостаток на фолати или низок статус кај само 1,2 отсто од оние кои имаат 60 години и заврши – рече д-р Имон Лерд.

Резултатите претставуваат податоци од ирско истражување кое следело речиси 4.000 луѓе во текот на четиригодишното испитување. Додека недостатокот на витамин Б12 беше поврзан со депресија, недостатокот на фолати не беше поврзан.

– Со оглед на зголемувањето на осаменоста и депресијата кај постарите лица по ограничувањата предизвикани од пандемијата COVID-19, оваа студија ја нагласува важноста од зголемување на внесот или дополнувањето на Б12 за да се ублажат потенцијалните фактори на ризик за депресија кај постарите лица – рече професорката Роуз Ен. Кени.

Витаминот Б12, како еден од најкомплексните витамини, се нарекува и „кобаламин“ и „цијанокобаламин“.