Недела на јапонски филм во Скопје и во Битола
Во вторник (29 октомври) во 20 ч. ќе стартува тринаесетото издание на „Недела на јапонски филм“ во Кинотеката на Северна Македонија.Оваа година филмската недела за прв пат ќе патува и до Центарот за култура – Битола.
Амбасадорката Кеико Ханеда ќе ја отвори „Неделата на јапонски филм“ во вторник, во 20 ч. во Кинотека на Македонија.
Селекцијата на четирите играни и анимирани филмови од сите жанрови е за сите возрасти.
29.10. [Вторник]
20 ч. „Гласот на учителот“
30.10. [Среда]
20 ч. „Ошин“
31.10. [Четврток]
20 ч. „Рудолф црниот мачор“
01.11. [Петок]
20 ч. „Самурај мачка”
Центар за култура – Битола
05.11. [Вторник]
20 ч. „Гласот на учителот“
22 ч. „Ошин“
06.11. [Среда]
18 ч. „Рудолф црниот мачор“
20 ч. „Самурај мачка”
Влезот е слободен, но местата се ограничени. Резервации можат да се направат на билетарите од понеделник до петок на 02 3065 968 за Скопје и and 047 520 151 за Битола.