Не се трпеле, па се истепале двајца војници


Фото: Б. Грданоски

Вчера во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден околу 09.00 часот на воениот отпад на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно недоразбирање и нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу војниците Ј.Ј.(43) од с.Кондово, скопско и С.С.(41) од с.Матка, скопско.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.