Не помина декларацијата за Гоце Делчев, Милошоски повикан да се повлече од функцијата


Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонијо Милошоски, објави дека пратениците од власта гласале против декларацијата за Гоце Делчев, која беше ставена на дневен ред на денешната комисија за надворешна политика.

Според него пратениците од СДСМ и ДУИ гласале  против декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, и истата не била  усвоена.

На неговата објава реагираа од СДСМ порачувајќи му да се повлече од пратеничката функција бидејќи не е достоен за неа. 

-По признанието на поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ за сторените изборни нерегуларности, пратениците од оваа партија кои беа дел од режимот, мора да поднесат оставки. Еден од нив е и Антонијо Милошоски, осудено лице во Германија, близок соработник на Груевски, обвинет во случајот Моќник, главен предводник на политички мотивираната лустрација и докажан извор на лажни вести. Наместо да глуми загрижен патриот, Милошоски да се повлече од позицијата пратеник, затоа што не е достоен да ја врши оваа функција.

Милошоски, човекот кој го нарекуваше Блаже Конески „џуџето од Небгрегово“ и  кој нарачуваше лустрација на Славко Јаневски е најмалку повикан да зборува за македонските национални интереси. Декларацијата е политичко подметнување од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се продлабочат  поделбите во македонскиот народ. Делото на великанот на македонското револуционерно дело, Гоце Делчев и неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност не заслужува ваков потценувачки однос. Гоце Делчев не заслужил да биде сведен на политичка декларација и тоа поднесена од партија која ги слави историските личности кои бил против Делчев, против неговите дела и вредности, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја обвини Владата и нејзиниот претседател Ковачевски дека немаат чувство за е национално единство во врска со важни идентитетски и други прашања, особено по спорот со Бугарија.

– Спорот со Бугарија останува отворен и попродлабочен. Mислев дека се работи за незнаење и немање чувство за моментумот, но сè повеќе станува јасно дека се работи за тенденција на Ковачевски и Владата да не сакаат да постигнат национално единство. Отуство на единство за вакви важни национални прашања само значи нов пораз за Македонија и македонскиот народ. Ако ова се лекциите на Заев, што ги следи Ковачевски, јас би му препорачал да се тргне од таа прегратка, затоа што лош е учителот.

Вели дека местото на национално единство било во Собранието, а дека ВМРО-ДПМНЕ таму блокирало. Тоа е неточна теза, а ако така размиуслуваат тогаш во Собранието се наоѓа Декларадцијата за македонскиот титан Ѓорѓи Делчев. Нека ја прифатат, а не да ја одбиваат и, доколку не им е прифатлива, јавно нека кажат во кој дел не се согласуваат со содржината на Декларацијата. Ако под единство во Собранието подразбираат да го поминат законот за марихуана, тогаш ниту за 100 години од сега нема да се согласиме. Затоа, уште еднаш апелирам за национално единство за најголемите прашања, нека ја сфатат важноста на историските мигови кои ние како генерација ја носиме. Ако се договорени шверцерски со Бугарија, тоа треба јасно да го кажат уште сега, а идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ таков договор нема намера да почитува, изреагира Мицкоски.