Не чека непредвидлива зима , со големи температурни промени
Бурна зима и можност за поплави го очекуваат Балканот, вели новата анализа на AccuWeather, чии метеоролози ги проучувале поларните бури и струи кои ќе надвиснат над Европа. Најлошите невремиња ќе бидат во Шпанија и јужна Франција, а зимата ќе наликува на онаа лани – непредвилдива и со големи температурни промени. Целата влага во Европа, всушност ќе биде по влијание на феноменот наречен „Ла Ниња“(девојче), кој веќе ја менува климата во Северна Америка.
– Некои од најсилните бури најверојатно ќе се случат некаде на југот на Франција, Шпанија или Португалија оваа зима – предупреди метеорологот Тајлер Ројс. – Дури и без бурни ветрови, другите делови на јужна Европа се соочуваат со влажна зима.
Обилната влага ќе влезе од Медитеранот во Италија, Балканот и поголемиот дел од Турција. Според метеорологот Алан Реперт, затоа во овие области се очекува невреме по невреме.
– Дури и умерените врнежи може да резултираат со брзо истекување на реките, што може да предизвика значителни поплави – предупредуваат метеоролозите.
Не очекува температурите во поголемиот дел од јужна Европа да останат просечни, но во делови од Италија, Грција и Балканот тие би можеле да бидат над просекот, вели Ројс. Ова важи за делови од Источна Европа кои ќе бидат во фокусот оваа зима поради неочекуваното студено време.
– Доколку налетот на студен воздух го испушти поларниот вител, тој студ ќе заврши во делови од Источна Европа – рече Ројс.