Навални од болница вратен во затвор


Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални вратен е во затвор откако вчера беше хоспитализиран поради алергија.

– Тој доби соодветен третман. Денеска Навални беше отпишан од болница, изјавија болнички извори, додавајќи дека тој е вратен во затвор.

Претходно, лекарката на Навални, Анастасија Васиљева изјави дека е против тој од болница да биде вратен во затвор, бидејќи смета дека можеби е отруен со непозната хемиска супстанца.

– Навални (43) вчера од затвор е хоспитализиран со знаци на акутна алергија односно со симптоми на чешање на лицето и црвенило на кожата, истакна д-р Васиљева.

Таа истакна дека неговата состојба можеби е резултат на труење со непозната хемиска супстанца.
Д-р Васиљева откако го посети Навални во болница, изјави дека неговото враќање во затвор ќе предизвика влошување на неговата здравствена состојба.

Московски суд минатата недела го осуди опозицискиот лидер и основач на Фондот за борба со корупцијата, Навални на 30 дена административен притвор. Мерката е наложена за да се спречи одржување на протест за поддршка на независни кандидати на изборите во градскиот совет во Москва, за кој властите не дадоа дозвола.