Научниците претворија матични клетки во коски, со помош на звук


 

Матичните клетки имаат една неверојатна способност – можат да се трансформираат во кој и да е друг вид клетки. Таа нивна моќ наголемо се користи во медицината затоа што има потенцијал да поправа оштетени делови од ткивото од кој и да е дел од телото по здобиени повреди или тешки болести.

Но, научниците притоа мора да манипулираат со матичните клетки за да се трансформираат во бараното ткиво. За тоа се користат различни техники, а стручњаците неодамна претставија нов, неинвазивен начин на симулација на мтични клитки со помош на високофреквентни звучни бранови.

Трансформирање во само пет дена

Имено, научниците успеаја со помош на звукот да претворат матични клетки во коскени за само пет дена, со 10 минути стимулативен третман дневно. Се надеваат дека оваа нова метода, која има неколку предности во однос на досегашните, може да се користи за повторен раст на коските по заболување од рак или некоја друга дегенеративна болест.

„Звучните бранови го скратуваат лекувањето кое обично е потребно за матичните клетки да почнат да се претвораат во коскени. Дополнителни, оваа метода не бара посебна примена на лекови за коски и многу е лесно да се примени на матичните клетки“, вели биохемичарката Екми Гелми од Универзитетот Ројал Мелбурн на Институтот за технологија во Австралија.

Помалку болна постапка

Стручњаците наведуваат дека оваа метода може да се користи кај повеќе видови матични клетки, меѓу кои и оние кои се добиваат од мастите, кои не е така болно да се извадат од телото“, пишува Science Alert.

„Со помош на звучни бранови можеме на матичните клетки да им ја промениме потребната количина притисок на вистинските места и со тоа да го покремене процесот на трансформација“ рече хемискиот инженер Лесли Јо од истиот Институт.

Истражувањето се нарекува Short-Duration High Frequency MegaHertz-Order Nanomechanostimulation Drives Early and Persistent Osteogenic Differentiation in Mesenchymal Stem Cells, а е објавено во магазинот „Смол“.