Научни претпоставки: Во Сончевиот Систем имало уште една голема планета
Научниот институт „Карнеги“ во Вашингтон, САД, разгледува теории според кои, некогаш во минатото, во Сончевиот Систем имало уште една планета, којашто, едноставно, „испаднала“ од него.
Карпестите и гасовитите планети настанале од прашината и гасовите околу Сонцето, додека тоа било млада ѕвезда. Се смета дека еден период, орбитите на гасовитите планети биле многу поблиски до него, но се оддалечиле поради меѓусебни гравцитациски влијанија.
Така, според проф. Мет Клемонт, ледените големи планети како Уран и Нептун, под влијание на планета која денес не е на своето место. За неа, се претпоставува дека се наоѓала меѓу Сатурн и Уран.
– Знаеме дека во нашата галаксија има илјадници планетарни системи. Но, се покажа дека подредувањето на планетите во нашиот Сончев Систем е доста необично, па затоа сега ние правиме реконструкции и модели на тие процеси на создавањето. Тоа е нешто како да се обидете да разберете што се случило при некоја сообраќајка – со која брзина се движеле возилата, во која насока итн.?, објаснува проф. Клемонт.
Новите сознанија говорат и дека, веројатно, револуцијата на Јупитер (обиколката околу Сонцето) на почетокот не траела трипати покусо од онаа на Сатурн, како што се мислеше претходно, туку двапати пократко.
Се претпоставува и дека во оддалечувањето на планетите, свое гравитациско влијание имал и Кајперовиот Појас и други фактори во Вселената.