Обвинителката Наташа Крстевска-Цалева поднесе оставка од местото на Хајрулахи


Фото: Б. Грданоски

 

По само седум дена откако беше избрана, Советот на јавните обвинители на Македонија денеска ќе треба да ја разгледа и констатира оставката на обвинителката Наташа Крстевска-Цалева. Таа на 10 февруари на предлог на државниот обвинител Љупчо Коцевски беше избрана за раководител на Вишото јавно обвинителство во Скопје, по суспензијата на обвинителот Мустафа Хајрулахи.

Изборот на Крстевска-Цалева беше проследен со различни коментари. Владата тврди дека ова е незаконско.

Таа не ги издржа критиките и поднесе оставка. Коцевски поведе дисциплинска и поведе постапка против досега првиот човек на ова обвинителство, Мустафа Хајрулахи, заради наводен мобинг кон свои колеги. Хајрулахи во јавни настспи тврди дека е жртва на притисок. Оддалечен од функцијата, на предлог на Коцевски, е и досегашниот заменик Јове Цветановски.