Наставничката од ОУ „Пречко“ во Загреб има 31 убодна рана


Денеска знамињата во Хрватска се на половина копје бидејќи е прогласен Ден на жалост поради трагичниот напад во основното училиште „Пречко“ во Загреб. 19-годишниот напаѓач, поранешен пациент на психијатрија, во петокот нападна ученици и учители.

Едно дете го загуби животот, а наставничката која е со тешки повреди се оперира и лечи во болницата „Свети Дух“. Во истата болница беше однесен и напаѓачот кој по трагичниот настан се обиде да си го одземе животот.

– Учителката е стабилна, сѐ уште дише со помош на механичка вентилација, а за денес е предвидена дополнителна дијагностика во нејзиното лекување, одговорија од болницата за 24sata. Од таму потврдија и дека таа има 31 убодна рана.

Школото сѐ уште е обиколено со полициски ленти, а полицајци го обезбедуваат местото на злосторството.