Настаните од кампањата на Трамп преку интернет или привремено одложени


Сите претходно планирани настани од претседателската кампања на Трамп, во кои се очекува американскиот претседател да учествува, одат преку интернет или привремено се одложени, откако тестовите на Доналд и Меланија Трамп беа позитивни за Ковид-19, објави неговата кампања.

Остануваат триесет дена до крајот на кампањата, а сите најавени настани во кои се вклучени членови на семејството на Трамп се исто така привремено одложени.

„Сите други настани во рамките на кампањата ќе бидат разгледани од случај до случај и ние ќе го објавиме соодветното соопштение неколку дена однапред“, се вели од кампањата на Доналд Трамп.

Тестот на потпретседателот на САД, Мајк Пенс е негативен за вирусот и тој ќе продолжи да ја води кампањата за изборите што ќе се одржат на 3 ноември.