Насилство на Брач: Македонец нападнал и ограбил Русинка
Дваесет и петгодишен македонски државјанин е притворен и против него е поднесена кривична пријава за насилство, поради напад врз 47-годишна Русинка, соопштија хрватските медиуми.
Инцидентот се случил на островот Брач, во местото Бол на 19 јули годинава.
„При нападот, тој ѝ го скинал златниот ланец од вратот. Руската државјанка се здобила со полесни телесни повреди“, извести тамошната полиција.