НАСА лансираше нов костум за Месечината
САД– НАСА ги претстави новите костуми за астронаутите кои ќе се упатат кон Месечината. Она што ги разликува овие модели од претходните е бојата, тие повеќе не се бели туку темно сиви, а астронаутите ќе ги носат на нивното патување во 2025 година.
Модерните костуми се дизајнирани од компанијата Axiom.
„Оваа соработка е клучна за слетување астронаути на Месечината и продолжување на американското лидерство во вселената. Надоврзувајќи се на долгогодишно истражување и експертиза, вселенските одела од следната генерација на Axiom не само што ќе ѝ овозможат на првата жена да оди на Месечината“, соопшти НАСА.
НАСА, според нивната официјална веб-страница, го избра Axiom Space за да го испорача системот за одење на Месечината, вклучувајќи различни додатоци, како и вселенски костум за мисијата.
Овие одела ќе ги користат астронаутите во мисијата Артемида 3 и значително ќе ја подобрат мобилноста. Мисијата се очекува да започне во 2025 година и да го означи враќањето на луѓето на Месечината по повеќе од 50 години. Оваа мисија ќе биде специфична и по тоа што астронаутите за прв пат ќе го истражуваат Јужниот пол на Месечината.