НАСА ќе го истражува сексот во Вселената
НАСА соопшти дека се размислува за истражување на нешто што „ги загрижувало астронаутите“ и научниците со десетлетија – секс во Вселената.
Вселенската агенција на тој начин ќе го основа „Клубот 62 милји“ со цел да се истражи дали и како луѓето можат безбедно да се размножуваат во Вселената, објави „Дејли стар“. Научниците велат дека ова ќе биде од витално значење за да се обезбеди долгорочно човечко присуство на други небесни тела, како Месечината и Марс, како што се надеваше и Илон Маск.
– Ниту еден труд досега не се занимавал со интимни односи или човечкото искуство во сексуалните функции и состојба во Вселената или во вселенските вештаччки објекти, или како сето тоа може да влијае на работата на екипажот, вели академик Сајмон Дубе.
По години избегнување на проблемот и принудување на астронаутите да се воздржуваат од сексуален контакт, НАСА конечно соопшти дека е подготвена да спроведе истражување на оваа тема.
„Ние првенствено се занимаваме со обезбедување на здравјето и безбедноста на членовите на екипажот во Вселената на подолги временски периоди. Нашата програма за истражување со луѓе работи на намалување на петте опасности поврзани со човечкиот вселенски лет и истражува како да им помогнеме на луѓето во екипажот да работат заедно и да останат емотивно подготвени при нивното патување. Доколку во иднина се идентификуваат подлабоки истражувања за репродуктивното здравје, НАСА ќе преземе соодветни мерки“, соопшти американската вселенска агенција.
Никој не знае дали сексот е возможен при нулта гравитација поради неговото влијание врз течностите и – основната механика на чинот. Физичарот и астроном, д-р Џон Милис изјави за „Базфид“ (BuzzFeed) дека машкото возбудување би било „предизвик во Вселената, иако тоа сепак може да биде технички возможно“, а и дека проблеми може да појават и кај женските астронаути.
– Вагиналната течност може да биде проблем, бидејќи течноста – како потта и солзите вообичаено се собира на местото на исфрлње во телото, во отсуство на гравитација, објаснува д-р Милис.
Патувањето до Марс трае околу седум месеци. Астронаутите или вселенските туристи всушност би можеле и да зачнат и да се породат во Вселената со можно опасни последици од нултата гравитација и вселенското зрачење.