НАСА и ЕСА најавија нови мисии на Венера
Планетата Венера која уште се нарекува „злата сестра на Земјата“, а многумина во минатото предлагаа колонизација и креирање нов дом за луѓето, но, сѐ уште мораме да дознаеме уште многу за неа.
Само едно специјално летало во моментот ја проучува Венера, а последниот роботски посетител на венера кој припаѓапе на американската вселенска агенција НАСА, беше „Магелан“. Оваа мисија беше завршена во 1994 година, а тоа наскоро ќе се промени.
НАСА и Европската вселенска агенција ЕСА најавија мисии на Вененра. Тоа и не е некоја нова вест, но атмосферата полека се загрева и научниците поќнаа да слават на овогодинешната Лунарна и планетарна научна конференција.
Мисиите на НАСА се наречени Веритас и ДаВинчи, а на ЕСА ќе го носи називот ЕнВижн.
Лансирањето на Веритас се очекува во 2027 година со цел проучување на површината на Венера од крајот на мисијата на „Магелан“. Исто така, ќе се собираат податоци за композицијата на карпите, геолошката активност и јадрото ан планетата. Веритас подразбира и спектрометар „Венус емисивити мапер“, кој ќе биде надополнет со „блзинак“ од мисијата на ЕСА, „ЕнВижн“. Оваа мисија ќе биде лансирана во 2030 година.
Мисијата „ДаВинчи“ планирана е за 2030 година и ќе се фокусира на
атмосферата на Венера. Таа се состои од главното вселенско летало и атмосферска сонда.