Наредена евакуација во Газа, војната би можела да трае 10 години
Дојдовме до точка на која израелските власти мора попрецизно да ја дефинираат својата цел и саканата состојба на работите
Во тек е 58 ден од војната меѓу Израел и Хамас.
Најмлаку 13 цивили, меѓу кои деца и жени, загинаа ноќеска, а поголем број луѓе се повредени во низа израелски воздушни удари на повеќе станбени објекти во бегалскиот камп Нусеират.
Израел нареди евакуација околу Кан Јунис
Израелската војска денеска издаде наредба за евакуација на повеќе подрачја околу Кан Јунис, вториот по големина град во Појасот Газа, со оглед на тоа дека своите воени офанзиви ги префрели на јужната половина на палестинската енклава во која, како што тврди Израел, се кријат многу лидери на Хамас.
Тешки бомбардирања пријавени се синоќа и денеска во областа Кан Јунис и градот Рафа на југот на Појасот Газа, како и во северните делови на оваа палестинска енклава кои беа во фукусот во почетокот на израелската воздушна и копнена капмања, пренесува АП.
Макрон: Израелскииот план засекогаш да го елиминира Хамас ризикува деценија војна
Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека израелскиот план засекогаш да го елиминира Хамас, претставува десетгодишна војна, што во француските медиуми се толкува како отфрлањерто на израелскиот план за војната е потполно да го елиминира Хамас.
Зборувајќи на конференцијата за новинари на маргините на климатските преговори КОП28 во Дубаи, Макрон укажа сека Израел ризикува да покрене децениска војна, пренесе порталот BFM TV.
„Што значи потполно уништување на Хамас и дали некој мисли дека е можно? Ако мисли дека е, тоа значи дека војната ќе трае 10 години. Мислам дека дојдовме до точка на која израелските власти мора попрецизно да ја дефинираат својата цел и саканата состојба на работите“, рече Макрон.
Израел нареди евакуација околу Кан Јунис
Израелската војска денеска издаде наредба за евакуација на повеќе подрачја во и околу Кан Јунис, вториот по големина град во Појасот Газа, со оглед дека своите офанзивни воени активности ги префрли на јужната половина на плаестинската енклава,како што тврди Израел, се кријат многу лидери од Хамас.
Тешките бомбардирања пријавени се синоќа и денеска во областа Кан Јунис и градот Тафа на југот на Појасот Газа, како и во северните делови на оваа плаестинска енклава кои беа во фокусот во почетокот на воздушната и копнената кампања, пренесе АП.
Генералниот директор на СЗО повторно повика на прекин на огнот
Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус, повтори денеска дека повикува на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, опишувајќи ги незамисливите сцени што ги виде при посетата на тимовите СЗО на болницата во Газа.
„Извештаите за тековни непријателства и тешкото бомбардирање во Газа се застрашувачки. Вчера нашиот тим ја посети болницата Насар на југот од Појасот Газа. Болницата беше преполна. Со 1.000 пациенти, што е три пати повеќе од нејзиниот капацитет“, објави Гебрејезус на Твитер.