Напад во трговски центар во САД: Пукал во луѓе и пренесувал во живо на социјални мрежи


 

Тројца луѓе се ранети во напад во американски трговски центар, а напаѓачот пукал во луѓе и во живо пренесувал на сцијалната мрежа Снепчет.

Нападот се случил во трговски центар во предградие на Феникс во американската држава Ариозна. Најмалку тројца се ранети, од кои еден потешко, а напаѓачот е уапсен.

Локалните медиуми пренесуваат дека напаѓачот бил вооружен со автоматска пушка, и нападот го пренесувал во живо на Снепчет.

Државниот сенатор на Аризона, Матрин Казеда, кој бил сведок на нападот, вели дека се работи за терорист.