Напад на синагога во Манчестер – се бројат мртви


Во Манчестер, велика Британија, се случи напад врз верници во синагога. Најмалку две лица беа убиени, а три беа тешко ранети.
 
Напаѓачот исто така беше убиен.
 
Полицијата се сомнева дека на неговото тело, кое сè уште лежи пред синагогата, биле скриени експлозиви.
 
Камион од одделот за заштита од експлозии пристигнал на местото на настанот.
 
Напаѓачот се забил со автомобил во луѓето и почнал да напаѓа со нож.
 
Полицијата соопшти дека добила пријава во 9:31 часот по локално време од граѓанин кој видел автомобил како се движи со брзина кон луѓето пред Хебрејската конгрегација „Хитон Парк“ на патот „Мидлтон“ во Крампсал и дека еден човек бил избоден со нож.
 
Три минути подоцна, полицајците отвориле оган и раниле човек за кој се верува дека е напаѓачот.