Најран датум во историјата: Оскарите во 2020 на 9 февруари
САД-Aмериканската телевизиска куќа ABC и Академијата за филмски уметности и наука синоќа ги објавија датумите за одржување на Оскарите во 2020 и 2021 година. Помеѓу најавите беше споменато и дека доделувањето на Оскари во 2022 година ќе се префрли на крајот од февруари.
Поточно, 92-то доделување на Оскари ќе се одржи на 9 февруари 2020 година, што е невообичаено рано и претставува најраниот датум во долгата историја на церемонијата. Веднаш по него, во 2021 година Оскарите ќе се доделуваат на 28 февруари, а наредната година церемонијата ќе се одржи на 27 февруари.
Со оглед на тоа што Олимписките игри се одржуваат за три години, организаторите на Оскари порачаа дека 94-тото издание ќе се одржи на 27 февруари 2022 година. Преместувањето на Оскарите за последните неколку дена од месец февруари би можело да премине во пракса и отсега натаму тие да се одржуваат ексклузивно во тој период. Сите церемонии ќе се одвиваат во недела.
Номинациите за 92-то издание на Оскари ќе бидат објавени на 3 јануари 2020 година, додека гласањето ќе заврши на 4 февруари истата година.
Во последните неколку години гледаноста на Оскарите постојано опаѓа, па Академијата реши да го „расчисти“ ТВ-распоредот на гледачите со тоа што ќе ја оддалечи церемонијата од традиционалниот Супербоул (кој се одржува во средината на февруари) и претстојната Олимпијада (која исто така е закажана за февруари).
Свеченоста ќе биде организирана во театарот „Долби“ во Холивуд, како и обично, а ќе биде пренесувана преку ABC во САД и во преку 225 земји ширум светот.