Најмалку 20 жртви во ураганот Доријан на Бахамите
Најмалку 20 лица загинаа во ударот на ураганот Доријан на Бахамите, додека локалните власти стравуваат дека таа бројка ќе расте.
Најновите податоци за жртвите ги објави министерот за здравство Двејн Сандс. Тој прецизира дека 17 лица загинале на островите Абако, а три на Гранд Бахами.
Доријан изминатиот викенд го опустоши брегот на Бахамите со рекордна брзина на ветарот од околу 300 километри на час.