Најголема студија досега покажа како витамините штитат од Ковид-19


 

Од почетокот на падемијата со Ковид-19 јасно е дека ширењето на вирусот успешно може да го сопрат само вакцините.

Но, тие, иако се развиени неверојатно брзо, релативно споро се дистрибуираат, баерм во поголемиот дел од светот. Во меѓувреме не нѝ преостанува ништо друго освен да се придржуваме до епидемиолошките мерки особено надвор од домаќинството и често да ги миеме рацете.

Затоа, научниците истражуваат послтојат ли некои други работи, како антивирални лекови или додатоци на прехраната, кои може да нѝ помогнат. Барем во некоја мерка.

Прилика за продавање магла

Очекувано, бројни продавачи на магла ја искористија пандемијата во медиумите и на социјалните мрежи да ги промовираат своите надрилекови, алтернативни и традиционални напитоци и совети. Меѓу нив, може да се најдат секогаш популарни додатоци од народната медицина како лимон, лук или ракија.

Но, некои научници на овој проблем му пристапија сериозно. Едно ново големо истражување објавено во магазинот „British Medical Journal Nutrition, Prevention & Health“ откри дека постои одредена поврзаност меѓу заболувањето од Коивд-19 и употребата на додатоците на прехраната.За жал, на почеток мора да кажеме дека нивните ефекти не се ни приближно такви за да може да застанеме во нивна одбрана. Сепак, дури и мала делотворност може да има некое значењекоха бројките се високи. Затоа, вреди да се знае за кои додатоци станува збор.

Пандемијата покрена вистинска глад за витамини и додатоци на прехрената

За почеток да потсетиме дека научните истражувања покажаа дека потенцијалната корист од мултивиамини и додатоци на прехраната е многу ограничена.Лекарите, ошто советуваат дека за здравејето најдобро е секојдневно во огранизмот да се внесуваат доволно микронутрициенти низ здрава исхрана. Додатоците на исхранаата главно се препорачуваат само тогаш кога имаме дијагностицирано нивно намалување.

Покрај тоа, во раните денови од пандемијата витамините беа меѓу првите производи кои исчезнаа од полиците во аптеките.

„Пазарот на додатоци на исхраната во Велика Британија порасна за 19,5 отсто во времето кое му претходеше на затворањето на почетокот на март 2020 година. Притоа, продажбата на витамин Це скокна за 110 отсто, а мултивитаминските додатоци за 93 отсто. Слично на тоа, продажбата на суплементот цинк порасна за 415 посто во текот на седумдневен период на врвот од загриженоста поради Ковид-19 во САД кој заврши на 8 март“, напиша во својот вовед во студијата авторскиот тим.

Додатоците на исхраната може да бидат корисни, но само во одредени околности

Додатоците на исхраната може да имаат некоја улога во нашето здравје. Пример, цинкот е еден од ретките супстанци кои се поврзани со скратување на времето на траење на настинката. Луѓето на веганска прехрана се препорачува да земаат витамин Бе2 кој главно се добива од животинско потекло. Но, кога станува збор за спречување сериозни инфекции, користа од нив е доведена во прашање.

Најголема корист од витаминот Де, пробиотиците и омега-3

Меѓународен научен тим во новата студија користел податоци од апликацијата која здравствената научна фирма „Зое“ на почетокот на 2020 година ја покрена под името Ковид-19 студија за симптоми, а која на учесниците им поставуваше широк спектар прашања, како и тоа дали користат додатоци на исхраната како пробиотици, рибино масло, мултивитамини, витамин Де, Це или цинк.

Исто така, прашуваше и дали биле тестирани за корона вирус и какви се резултатите.

Вкупно, на прашалникот до 31 јули 2020 година, одговориле 445.850 луѓе на анкетата од Велика Британија, САД и Шведска, што на тимот му овозможило собирање полно податоци корисни за анализа.

Во Велика Британија, од каде доаѓаат поголемиот број испитаници, нешто помалку од половината користеле некакави додатоци. Околу 6 отсто од оние кои земале суплементи биле позитивни на корона вирус, а оние кои не земале суплементи 6,6 отсто биле позитивни на вируспт. Тоа е разлика од околу 2.500 луѓе.

„Во британската груоа корисниците кои редовно ја доплнувале својата исхрана со мултивитамини имале помал ризик од поситивен тест на корона вирус за 13 отсто, кај оние кои користеле витамин Де ризикот бил помал за 9 отсто, а кај оние кои користеле пробиотици за 14 отсто, додека кај оние со омега-3 масни киселини ризикот бил помал за 12 отсто“, напишаа научниците.

Немали значајна поврзаност кај оние кои користеле цинк, или витамин Це или лук.

Вкупната корист многу скромна

Но, овие резултати треба многу внимателно да се интерпретираат, Пред се, се работи за опсервациска, набљуувачка студија, која се темели на самопријавени учесници, што значи многу е тешко да се утврди причинско-последичната поврзансот која би докажала дека некои витамини или додатоци резултирале со помалку позитивни тестови за Ковид-19.

Тимот во истражувањето спровел контрола и на возраста, полот, телесната маса и бројни други чинители. Исто така, сеобиделе да ја земат во предвид пристрасноста на учесниците склони кон здравје, што подразбира дека тие кои земаат витамини веројатно повеќе се грижат за здравјето. Тоа пак значи дека и другите навики им се поздрави како физички вежби и придржување кон епидемолошките мерки.

Интересно е дека податоците за жените се позиразени од оние за мажите. Имено, за мажите нема значајна разлика поврзана со додатоците, додека кај жените резултати се присутни во сите возрасти и во сите групи на телесна маса.

Досега најголема набљдувачка студија

Резултатите малку се разликуваат меѓу САД и Шведска. Пример, се покажало дека додатоци како омега-3 не се од корист кај шведските жени, додека пробиотици и витамин Де биле од корист кај американските жени.

„Во студијата за инфекцијата од корона вирус и употребата на додатови на исхраната на повеќе од 400.000 косрисници на апликацијата од три зазлични земји, покажавме дека постои значајна поврзаност меѓу користењето додаток како омега-3 масни киселини, пробиотици, мултивитамини и витамин Де и помалиот ризик од позитивните исходи на тестирањето на инфекцијата со САРС-Ков-2“, напиша тимот во коментар на студијата.

Но, истакнаа дека ефектите од додатоците на исхраната стануваат мали кога ќе се земат во предвид сите фактори кои можеле да влијаат врз резултатите.