Најголем пад на вработеноста во Германија од обединувањето


Германија во вториот квартал од годината забележа најголем пад на вработеноста, по обединувањето на двете Германии.

Според Заводот за статистика, во вториот квартал во земјата биле вработени околу 44,7 милиони луѓе.

Споредено со првиот квартал, вработеноста опаднала за 618.000 работни места или за 1,4 процент.