Најгледана евровизиска песна за 2023 е „Ча ча ча“ на финскиот претставник
Најгледана евровизиска песна за 2023 година на „Јутјуб“ е „Ча ча ча“. Со неа, финскиот претставник, минатата година, го освои второто место на музичкиот натпревар што се одржа во Ливерпул. Втора најгледана песна е победничката, „Тату“ на Лорин, соопштија организаторите.
Годинава домаќин на „Евровизија“ ќе биде Малме, односно Шведска. Двете полуфиналиња ќе бидат на 7 и 9 мај, а финалето на 11 мај.
На најголемиот светски музички настан во живо, учеството годинава го потврдија јавните радиодифузери од 37 земји.
Македонија ѝ годинава нема да учествува на Евросонг, годинава, одлучи МРТ.
„Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи предвид дека Јавниот сервис идната година, со сите свои капацитети ќе се фокусира на одбележување на големиот јубилеј, 80 години Македонско Радио и 60 години Македонска Телевизија. Активностите за одбележување на големиот јубилеј ќе се одвиваат во текот на целата 2024 година, велат од МРТ кој ја поседува лиценцата за овој престижен музички настан.
МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале.
Македонска делегација на Изборот за песна за Евровизија 2023 година во Ливерпул, немаше поради, како што информира тогаш Македонската Радио Телевизија, зголемената котизација за учество и зголемените трошоци од енергетската криза.
Последниот настап на Евровизија на земјава беше во 2022 година.
Малме во Шведска е домаќинот на 68. Евросонг, по победата на Лорин со „Тетоважа“, лани, на фестивалот во Ливерпул, Англија. Ова е втора победа на Лорин, по онаа во 2012 година во Баку со хитот „Еуфорија“, кога за триумфот и беа доволни 372 поени. Лорин покрај Џони Логан е единствениот учесник на Евровизија со две победи на ова натпреварување.
Ова ќе биде трет пат Малме да биде домаќин на Евровизија, по 1992 и 2013 година, а вкупно 7-ми пат големото музичко натпреварување да се одржува во Шведска.
Ова, исто така, ќе биде прв пат во историјата на натпреварот Евровизија да не биде домаќин на главниот град пет последователни години.
Третиот по големина град во Шведска со 350.000 жители беше избран за град-домаќин по ригорозен процес кој ги испитуваше капацитетите на местото на одржување, способноста да се сместат илјадници делегации во посета, екипажи, навивачи и новинари.
Годишната членарина во ЕБУ (Европски радиодифузен сојуз) и ЦИРКОМ (Организација под ЕБУ) изнедува 16 милиони денари, односно над 260.000 евра. За котизација се предвидени 300.000 денари, односно околу 50 илјади евра.
Македонија за првпат учествуваше на Евровизија во 1998 година, и првиот претставник беше Владо Јаневски со песната ,,Не зори зоро”.
Најголем пласан обезбеди Тамара Тодевска со песната ,,Proud” во 2019 година во Тел Авив, Израел, кога го освои високото седмо место на целокупниот пласман и прво место според гласови од жири комисија.