Најавените автобуски билети за едно возење се уште ги нема
И покрај најавата од градските власти дека од 1 ноември ќе стартува користењето на хартиениот билет за едно возење, билети се уште нема на оптек. Од ЈСП немаат објаснување за ова доцнење, освен дека 300.000 хартиени електронски билети, 400 нови валидатори за картичката „Скопска“ и мобилна апликација, треба да се изработат од „Македонски Телеком“ со добивањето на тендерот од над 2,2 милиони евра со кој ќе им се овозможи на граѓаните да си ја надополнуваат сами картичката „Скопска“.
Реализацијата на тендерот за хартиените билети, заедно со новата мобилна апликација за јавниот превоз и дополнителните валидатори во автобусите, сѐ уште се во тек на реализација.