Над седум илјади евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите, уште едно лице се води како исчезнато


Повеќе од седум илјади луѓе се евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите предизвикани од поројните дождови кои четврти ден по ред врнат во земјата.

Цели стада добиток стојат во водата, пренесуваат светските агенции. Четири лица го загубија животот, а уште едно лице се води како исчезнато.

До синоќа  2.816 лица од повеќе од 7.000 евакуирани неделава се уште не можат да се вратат во своите домови.

Во јужниот дел од земјата, дождот достигна рекордни 500 милиметри.

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-мјунг, кој вети дека ќе ја зајакне улогата на владата во спречувањето и реагирањето при катастрофи, рече дека иако природните катастрофи се тешки за спречување, може да се направи повеќе за да се предвидат штетите и да се предупреди јавноста.