Над 48.000 посетители на годинашниот Саем на книгата


Над 48.000 лица го посетија 31-то издение на Саем на книгата, што се одржа од 8 до 14 мај оваа година, под мотото „31 година Читај со задоволство“.

– Овој саем ќе го паметиме по бројните промоции на нови изданија на книги од издавачите, по бројните гостувања на домашни и странски автори, но и по зголемената бројка на посетители на Саемот на книгата, изјави Сања Кондарко, проект-менаџер на Саемот на книгата.

На 31. издание на Саем на книгата, се претставија околу 70 издавачки куќи од Северна Македонија, како и од Унгарија, Србија, Косово, Албанија и Данска.