На ВМРО-ДПМНЕ му смета и Ковачевски, ги кaжувал фразите на Заев


Откако со години бара смена на Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ сега има забелешки и за неговиот наследник, Димитар Ковачевски. Според оваа партија, Ковачевски зборувал со истите празни фрази на Заев и е дете од кадрите што ја предводеле  олигархијата и криминалната транзиција.

-Димитар Ковачевски е син на поранешниот градоначалник на Куманово во време на транзицијата од редовите на СДСМ. Таткото на Ковачевски бил и амбасадор во Црна Гора исто така предлог на СДСМ.

Димитар Ковачевски е заменик министер за финансии и како таков тој нема направено ниту еден проект  за доброто на граѓаните. Наспроти тоа во негово време ни се случи јавен долг 7 милијарди, 60.000 луѓе на улица, 5.600 затворени фирми, инфлација.
И Заев ги ветуваше истите работи како и сега Ковачевски. Однапред се знае исходот, порачаа од опозицијата.

 
Патем и Тимчо Муцунски е дете на македонски амбасадор кој држеше високи функции во дипломатијата и во време на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.