На третата интерпелација Тошковски доби најмала поддршка
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е уникатен случај во македонската политика. Од јануари 2025 до јуни 2026 за него се има расправно во Собранието за три интерпелација. Бе оглед на тоа што се знае дека интерпелацијата за неговата работа нема да помине, за министер не е убаво да слуша како некој ја сецира неговата работа додека партиските одбрани помалку се слушаат.
Интересно е како се осипал бројот на пратениците кој му дале поддршка на Тошковски. Причините можеби не се сериозни, но бројките се интригантни.
Првата инетерпелација за која се расправаше во јануари 2025 ја поднесе ДУИ преку „Европскиот фронт“ со обвинувања дека се потрфлило со справувањето на меѓуетничките тензии. Против интерпелацијата беа 63 пратеници, а за неа само седуммина.
Втората интерепелација беше поднесена од Левица многу брзо по трагедијата во Кочани. Левица му забележуваше дека Тошковски немал никаков „морален хабитус“ и не се осмели дури ни да понуди оставка, а не да поднесе. Расправата во Собранието беше на 29 април 2025. Тошковски тогаш доби силна поддршка од владејачкото мнозинство – 70 пратеници беа против интерпелацијата, а 20 за неа.
Бројката на пратениците за поддршка се намали на вчерашната расправа за третата интерпелација, исто така поднесена од Левица со обвинувања за nепотизам, богатење, судир на интереси, неспособност и партизација на МВР. Овој пат бројката за поддршка се намали под мнозинството за една коалиција да владее. Против интерпелацијата беа 58 пратеници, а за неа 19 пратеници. Поддршката беше помала за 12 пратеници во однос на интерпелацијата лани во април.