На сметка за струја од 2.300 денари – зголемувањето е 21 денар


Фото: Б. Грданоски

Цената на електричната енергија се зголемува од 0,68 до 2,24 отсто, во зависност од тоа за кој блок се работи.

Како што пресмета претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски, ако сте имале сметка за струја од 2.300 денари, струјата би поскапела за 21 денар.

– Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата се зголемува 0,92 отсто, при тоа првиот блок за 0,68, вториот блок за 0,9 отсто, третиот блок за 1,93 отсто, четвртиот блок 2,24 отсто и евтината тарифа за 0,9 отсто – рече Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.