На шведскиот премиер би можела да му биде изгласана недоверба


Шведската Партија на левицата соопшти дека утре ќе гласа против премиерот Стефан Лоfен при гласањето за доверба на шефот на Владата, со што тој најверојатно ќе биде првиот премиер кој е сменет во Парламентот.

– По известувањето кое го добивме денеска, Партијата на левицата ќе му даде црвено светло на Стефан Лоfен, изјави на прес-конференција лидерот на Партијата на левицата, Нуши Дадгостар.

Ловен се наоѓа на премиерската функција од 2014 година и е лидер на Социјалдемократската партија.