На работ на Нијагарините водопади доплива автомобил, а во него мртва жена

Полицијата вчера, во автомобил што лебдел на реката Нијагара и се плиближил до водопадите нашла тело на мртва жена.
„Се работи за жена на возраст од 60-тина години“, вели Крис Рола, водител на полициксата станица Њујорк стејт паркс.
Полицијата пред пладне добила дојава дека има автомобил во водите на Нијагара во близина на водопадите. Сведоците велат дека во возилото виделе една жена.
Дошол до работ на водопадите
На снимката од местото на настанот се гледа дека автомобилот речиси во целост е потопен, а е со отворен багажник. Возилото сопрело на карпа на некои 50-тина метри од работ на водопадите, пишува Ен-би-си њус.
„Поради подрачјето на кои се наоѓаше автомобилот, не можевме сами да го извлечеме од реката. затоа ја контактиравме крајбрежната стража и нивниот хеликоптер успеа да го извлече автомобилот“, рече Рола.
Американската крајбрежна стража објави на Твитер дека на возачкото место пронашла жена, која не реагирала и која е прогласена за мртва на емстото.
Надлежните сметаат дека во автомобилот веројатно била само таа. Истрагата е во тек.