На паркинг во Центар најден починат 40-годишен маж


Фото: Б. Грданоски

Вчера во скопската полиција било пријавено дека на паркинг на подрачјето на Центар бил пронајден починат 40-годишен маж, со потекло од струмичко Банско. Медицинскиот тим констатирал смрт без видливи траги на насилство.

На 30.06.2025 во 10.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг на подрачјето на Центар пронајден е починат С.А.(40) од с.Банско, струмичко. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство, стои во полицискиот билтен.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на jавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.