На Исланд со години тестираа четиридневна работна недела – резултатите одлични
На Исланд од 2015 до 2019 година тестираа модел за четиридневна работна недела, односно работниците земаа иста плата за помалку работни часови. Сега се објавени резултатите кои покажуваат дека експериментот бил многу успешен, а многу работници преминаа на покусо работно време, пишива Би-би-си.
Продуктивноста во текот на експериментот останала иста или пораснала во некои секорити, објавија истражувачите.
Слични тестови сега се спроведуваат низ целиот свет, вклучително и во Шпанија и Нов Зеланд.
На Исланд, во експериментот за четиридневна работна недела учествуваа повеќе од 2.500 работници, што изнесува околу 1 отсто од сработоспособното население на Исланд. Сѐ се одвивало под покровителство на градското собрани на Рејкјавик и националната влада.
Многу работници преминале под 40 на 35-36 часовна работна недела, велат истражувачите од британскиот труст на мозоци Авотономија и Здружението за одржлива демократија Алда на Исланд.
Засега 86 отсто од исландската работна сила или премина на покусо работно време за иста плата или ќе стекне право на тоа, велат истражувачите.
Работниците под помал стрес, се чувствуваат подобро
Работниците велат дека се под помал стрес, а тврдат дека и да се чувствуваат поздраво, како и дека имаат подобра рамнотежа меѓу работата и приватниот живот.
„Оваа студија покажува дека најголемиот светски експеримент со скратено работно време во јавниот сектор по сите мерки покажа исклучителен успех“, вели Вил Стронг, директор за истражување во Автономија.
„Тоа покажува декла јавниот сектор е зрел за тоа да биде пионер за скратена работна недела, а ова може да биде лекција од која може нешто да се научат и другите влади“, вели Стронг.
„Во модерното време може да се работи помалку“
„Ова нѝ покжува дека не само што во модерното време е можно да се работи помалку туку и дека се можни прогресивни промени“, вели Гудмундур Д Харалдсон, истражувач во Алда.
Во Шпанија, итсо така, се експериментира со четиридневна работна недела за некои фирми, најмногу и поради пандемијата од корона вирус.
Унилевер, британско-холандската фирма која произведува производи за широка потрошувачка, на Нов Зеланд им овозможи на работниците да го скратат своето работно време за 20 отсто, а во исто време, платата да им остане иста.