На Хитроу се судрија два авиони, мобилизирани итните служби


 

Два авиони се судрија во средата вечерта на лондонскиот аеродром Хитроу, што беше оценето како помал инцидент во кој нема повредени, објавија британските весници и аеродромот.

Британските медиуми пишуваат за „помал судар“ на два авиони на „Исландер“ и „Кореанаер“.

Портпаролката на аеродромот рече дека „итни служби се мобилизирани поради инцидент во кој учествувале два авиони“.

„Никој не е повреден, но итните служби се на терен за да се осигураат безбедноста на патниците и членовите на екипажот“, додаде портпаролката.

Иако не е забележано поголемо нарушување во сообраќајот, на патниците им се препорачува да го проверат распоредот на летовите.