На градскиот воз од Зелениково до Железничката станица во Скопје веќе се работи – Мицкоски утре на увид


Фото: Б. Грданоски

Премиерот Христијан Мицкоски, утре ќе направи увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз.

Како што соопштија од Владата, веќе е потпишан договор за линија 1 Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода-Аеродором – Железничка станица Скопје, а вредноста на договорот e 360 милиони денари.

Согласно проектот ќе се изврши целосна реконструкција и надградба на постоечката траса.

Според договорот кој е објавен на порталот e-nabavki.gov.mk, изведувач на работите е компанијата „Битем“, а времетраењето на изведување на работите е 12 месеци, односно една година. Со оглед на тоа што договорот е потпишан на 18 септември годинава, треба да очекуваме во септември 2026 година, речиси на почетокот на учебната година, скопјани да може да се возат со него.

Дали скопјани ќе имаат можност да ја користат оваа железничка линија за да го избегнат метежот во сообраќајот во главниот град за да стигнат од Зелениково до Железничката станица во Скопје, останува да видиме.(Б.Б.)