На ГП Белановце-Станчиќ за два и пол месеци поминале 50.000 патници
Тој ги повика граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за да им помогнат на оние кои се во првата борбена линија кои се справуваат со закани по безбедноста и здравјето, здравствените, полициските работници, припадниците на Армијата и на овој начин граѓаните ќе овозможат функционални институции. Животот треба да продолжи во нова нормалност, вели Спасовски и нагласува дека суштински треба да се прилагодат политиките за обезбедување на почнатиот раст во повеќе области.
-Општина Липково е една од општините која предничи во однос на бројот на проекти од интерес за граѓаните реализирани со поддршка на Владата. Од двата поголеми и реализирани патни правци се патот по кој дојдовме до овој граничен премин, односно потегот од Опае до Белановце, односно до граничниот премин, како и рехабилитација на регионалниот пат Матејче-Липково, во вкупна вредност од 6,1 милиони евра-вели Спасовски. Тој потсети на дванаесет реализирани проекти за што се одвоени 102 милиони денари кои се однесуваат на проекти од животна средина, канализација, училиште, улици потенцирајќи дека се одвоени средства за изградба, адаптација, доградба или надградба на простор за детска градинка во Липково и за градежно занаетчиски работи за реконструкција и реновирање на дневниот центар за лица со посебни потреби во село Оризаре Општина Липково. Како дел од североисточниот регион Липково има придобивки и од изградба на бројни патни правци кои овозможуваат побрз економски развој, додава Спасовски. Тој потсети на изградбата на Куманово – Свети Николе, Куманово – Никуштак, Куманово – Опае – Слупчане – Белановце кои се целосно реконструирани, Куманово – Крива Паланка, регионалниот пат од село Војник до Страцин и делницата на Коридорот 8 што ги поврзува Куманово – Страцин – Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.
Дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска истакна дека е поминат важен период на реформско структурирање на институцијата и поставени се темелите за натамошно развивање, растење, унапредување на сите нивоа на полициското и безбедносното работење, согласно сугестиите на меѓународни партнери од НАТО и ЕУ и на барањата на граѓаните.