На фестивалот во Мотовун: „Петрунија…“ ја доби наградата на критичарите ФИПРЕСЦИ
Хрватска– На штотуку завршениот Филмски Фестивал во Мотовун, Хрватска, “Господ постои, името и’ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска ја доби наградата на критичарите ФИПРЕСЦИ. Во Мотовун 20 одлични филма се натпреваруваа за само двете награди што се доделуваат. Главната награда „Пропелер“ ја доби исландскиот филм “Бел бел свет“.
“Главната актерка не освои со одличен актерски израз и брзо не увери дека главниот лик е паметна жена која е комплексна личност и која ја открива нејзината моќ во текот на филмот. Таа е симбол на потребата за слобода во многу свери и укажува на неопходните промени. Филмот е црна комедија, врвно изрежирана, монтирана, динамична и брзо го вовлекува гледачот во неговиот свет ” се вели во соопштението на тричленото жири, во состав: Маријана Јаковљевиќ, Јел Шот и Јасмила Шепетач.
Fédération Internationale de la Presse Cinématographique е најстарото и највлијателното друштво на филмски критичари во светот, обединувајќи критичари од 50 земји од целиот свет. Наградата која ја доделува ова здужение, со нивните меѓународни критичари, носи голема популарност помеѓу филмските автори. Мотовун Филмскиот фестивал е 37 фестивал во светот каде се доделува оваа награда.