На експресниот пат Штип-Радовиш утре изменет режим на сообраќај од 5 до 9 часот


Изменет режим на сообраќај ќе има утре на експресниот пат Штип – Радовиш, на делницата од клучката Софилари до клучка Долани.

Министерството за внатрешни работи информира дека измените ќе бидат само утре и тоа во периодот од 5 до 9 часот, поради изведување на технички активности.

-Во наведениот период, полициските службеници од ПС за Безбедност на Патниот Сообраќај-Штип ќе го пренасочуваат сообраќајот по регионалниот пат Штип – Радовиш, посочуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и да се придржуваат кон сообраќајните правила, прописи и поставената сообраќајна сигнализација, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.