На Доналд Трамп му пратиле пакет со отров


 

Пакет што содржи отровен рицин му бил пратен на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе Си-ен-ен.

За случајот известиле двајца полициски службеници.

Направени се два теста за да се потврди присуството на рицин. ФБИ коментирајќи ги наводите соопшти дека агенцијата и „американската тајна служба и партнери од американската служба за поштенска инспекција го истражуваат сомнителното писмо примено во поштенска установа на американската влада. Во моментот нема познати закани за јавната безбедност“, пренесе Ројтерс.

Пликот за кој се верува дека е пратен од Канада, пресретнат е во пладиниот поштенски центар, пред да стигне во Белата куќа, јави Њујорк тајмс, Си-ен-ен и Вол стрит џурнал.

Си-ен-ен наведува дека пакетот го пресретнала полицијата порано оваа недела.

Сета пошта за Белата куќа се соритра и прегледува надвор од објектот пред да стигне во Белата куќа.

Рицинот е високо токсично соединение екстрахирано од семето на рицинус кој се користи во терористички заговори. Може да се користи во облик на прав, пелети, чад или киселина.

Ако се проголта предизвикува мачнина, повраќање и внатрешно крварење на желудникот и цревата, следено со откажување на црниот дроб, слезината и бубрезите и смрт како последица од нарушување на системот на циркулација. Не постои познат противотров.

Белата куќа и тајната служба одбија да го коментираат случајот.

Во минатото забележани се бројни инциденти кои вклучуваат пликови до рицин пратени до американски функционери.

Најмалку четворица се осудени за праќање писма со рицин до Доналд Трамп, Барак Обама, Мајкл Блумберг, сенатори, судии и други функционери.