На четиричлено семејство во јануари му требале најмалку 50.799 денари да го помине месецот
На едно четиричлено семејство во јануари му биле потребни 50.799 денари за минимални месечни трошоци, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија.
Според податоците за синдикалната потрошувачка кошничка објавени денеска, најмногу пари или 19.206 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.313 денари за режиски трошоци. За хигиена биле потребни минимум 3.097 денари, а за превоз 3.668 денари.
Инаку, вредноста на синдикалната минимална кошница за декември 2022 година изнесуваше 51.235 денари.
Државниот завод за статистика вчера објави дека инфлацијата во јануари изнесува 17,1 проценти.