На Бит Пазар приведен крадец баран со централна потерница


Денеска во 10.50 часот на ул.„383“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Е.(45) од Скопје.

Како што информираа од МВР,  тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело „кражба“, по член 235 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициска станица Бит Пазар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.