На Американците очајно им треба фризура
Во последните неколку недели, шопинг паниките на Американците се одраз на тоа како пандемијата на коронавирус продолжува да се развива и да влијае на секојдневниот живот.
„Дефинитивно може да се види дека, откако луѓето останаа дома, како се смени фокусот во купувањето“, вели извршниот директор на Волмарт, Даг Мекмилон. По складирањето храна и заштитни сретства, купувачите сега се свртеа кон игри и други форми на забава, како и на образование, рече тој. Но, последниот тренд е да се купуваат бои и други препарати за коса , поради неможноста да одат во фризерски салон.
„Луѓето почнуваат да имаат потреба од фризура“, рече Мекмилон.
Првиот бран на засилено купување, до степен на паника, беше фокусиран на маски, средства за чистење и средства за дезинфекција на рацете, што ја зголеми нивната продажба за дури 470 отсто во однос на претходната година. Потрошувачите на национално ниво се однесуваа како да се подготвуваат за големо невреме. Потоа дојде паничното купување на тоалетна хартија кое предизвика уште попанично купување, а трката за пешкири за бања предизвика бран ефекти низ синџирот на снабдување.
Откако седењето дома стана секојдневие, Американците се свртеа кон печење. Во седмиците што завршуваат на 21 март и на 28 март, продажбата на квасец за печење се зголемила повеќе од кој било производ за широка потрошувачка, дури за 647 отсто.Производителите на брашно и квасец велат дека нема недостаток на снабдување на нивните производи (плус, никогаш нема недостаток на квасец).
„ Треба една минута за ланецот на снабдување да реагира на толку многу побарувачка за толку кратко време“, рече Шери Мерил, менаџер за набавки.
На крајот дојде зголемувањето на апаратите за шишање од 166 отсто и на производите за боење на косата за 23 отсто во однос на претходната година.Американците станаа бербери и стилисти, бидејќи салоните за коса низ целата земја привремено се затворија заради мерките на социјално дистанцирање.
Моник Кембел, сопственичка на фризерски салон во Далас изјави дека затворањето е финансиски стресно, но ја разбира ситуацијата.
„Да барате стилист да дојде кај вас или да одите кај него, сепак е многу висок ризик“, рече таа. „Не сакам да се доведам до ризик да се заразам од коронавирусот само за да се осигурам дека нечија коса е убава“, порача таа.