На 83 години почина уметникот Коле Манев
На 83 годишна возраст, почина нашиот истакнат академски сликар Коле Манев.
Роден е на 11 ноември 1941 година во селото Бапчор- Костурско, во Егејска Македонија. Во Скопје го завршил училиштето за применета уметност , а 1960 година го завршил првиот степен на Ликовната академија во Белград. Потоа заминал на студиски престој во Париз, каде повеќе пати се враќаше и изложуваше свои дела. Престојувал и во Прага, каде посетувал предавања за анимиран филм.
Коле Манев реализирал повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, во Франција, како и во земјите од регионот.
Добитник е на голем број државни и меѓународни награди и признанија за сликарство и филм, меѓу која е и наградата во 2006 од француското Министерство за култура која му ја доделува наградата „Почесен витез на уметноста и творештвото“.
Во 2023 го доби признанието за животно дело во стрипот „Љупчо Филипов“.