На 18 април експертски панел на Сеавус за Автоматизирано тестирање
Меѓународната компанија за развој на софтвер Сеавус, дел од групацијата Арикома, го најави хибридниот настан во вид на експертски панел, што ќе се одржи на 18-ти април во кафулето Јавна соба (Public Room), со почеток во 17.30 часот. Настанот ќе биде пренесуван и онлајн, а ќе биде посветен на Автоматизирано Тестирање. Експертите на Сеавус за Автоматизирано Тестирање, на тркалезна маса ќе дискутираат за трендовите, најдобрите практики, алатките и идеите што ја обликуваат работната средина на Automated Testing во 2022 година.
Сесијата им се препорачува на сите инженери за автоматизирано тестирање. Темите што ќе бидат покриени преку интерактивна дискусија се: Топ алатки за тест автоматизација, типови проекти на кои работи Сеавус и типови на Automated Testing Frameworks. Сите кои се заинтересирани да присуствуваат треба да се пријават на следниов линк: https://codetalks.seavus.com/expert-panel-test-automation-in-2022
Учесници на панелот се експертите на Сеавус, Димитар Поп-Трпев – Сениор тест инженер, Виктор Петковски – Senior Quality Assurance инженер, Милјана Миличевиќ – Senior QA Automation инженер и Жаклина Стојнев – Lead testing инженер за банкарство и финансии.