На 17 општини не им требаат унгарските пари? Не конкурирале со проекти


Заклучно со вчера година во архивата на Министерството за локална самоуправа доставени се вкупно 450 апликативни формулари од 63 општини.
 
Од нив, 36 општини аплицирале со проекти во вредност од максимумот на финансиски средства кои им следуваат согласно формулата по глава на жител, 27 општини имаат можност да аплицираат со уште проекти до максимум предвидената сума, а 17 општини воопшто немаат поднесено апликативни формулари.
 
– Да појаснам, 27 општини поднеле апликации, но имаат простор за достава на уште апликации, со оглед на предвидената максимална сум по критериумот, по глава на жител – соопшти денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински.
 
Општини кои воопшто не аплицирале заклучно со вчерашниот датум се 17 на број и тоа:
  • САРАЈ
  • ЦЕНТАР
  • ЧАИР
  • ШУТО ОРИЗАРИ
  • ЛИПКОВО
  • ПРОБИШТИП
  • ВАЛАНДОВО
  • РОСОМАН
  • БОГОВИЊЕ
  • ВРАПЧИШТЕ
  • МАВРОВО РОСТУШЕ
  • ТЕАРЦЕ
  • ДЕБАР
  • СТРУГА
  • БИТОЛА
  • КРУШЕВО
  • ДОЛНЕНИ

– Како Влада сакаме да апелираме уште еднаш до сите локални самоуправи да ја искористат оваа можност и да го запазат законски предвидениот рок за пријавување кој согласно одлуката на Владата е 30.04.2025 година – додаде Перински.

Ги повикува сите општини да ја искористат оваа значајна можност за да се создадат подолгорочни и одржливи решенија за иднината на граѓаните.